28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводителите на виски предупредуваат: Американските царини нанесуваат голема штета

Производителите на виски предупредуваат: Американските царини нанесуваат голема штета

Американските царини од 25 проценти на шкотско виски ќе нанесат голема штета на производството на тој пијалок и ќе ја зголеми невработеноста во Шкотска.

Тоа го соопшти Шкотското здружение на производители на виски повикувајќи ги двете страни, САД и ЕУ, на воздржаност, објави Reuters.

САД објавија дека ќе воведат такси од 10 проценти на авиони од европскиот производител Airbus и царини од 25 проценти на голем број на производи од ЕУ, вклучително француското вино, шкотско и ирско виски, и сирења од членките на ЕУ, како казна поради, според оценката на Вашингтон и Светската трговска организација (WTO), за нелегални субвенции за Airbus.

Соединетите држави се најголемиот пазар за шкотското виски, на кој минатата година Шкотска од нејзините продажби заработи над милијарда фунти. Шкотското здружение посочува на тоа дека иако станува збор за спор околу субвенциите во воздухопловната индустрија, вискито претставува повеќе од половина од британските производи кои ќе бидат погодени од новите царини, во вредност од 460 милиони долари.

Главниот извршен директор на здружението Карен Бетс во соопштението за јавноста истакна дека новите такси ќе имаат негативно влијание врз инвестициите,  создавање работни места и продуктивноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП