29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКои модели Volkswagen ќе ги прави во новата фабрика во Турција?

Кои модели Volkswagen ќе ги прави во новата фабрика во Турција?

Германскиот автомобилски гигант ја избра Турција како локација за својата нова фабрика која ќе има капацитет од 300.000 возила годишно.

Во фабриката, која ќе се наоѓа во околината на Измир, Volkswagen Group ќе ја произведува следната генерација на моделот VW Passat и Skoda Superb, објави AutoNews.

Во погонот вреден 1,09 милијарди долари, годишно ќе може да произведува 300 илјади автомобили, а се очекува во новата фабрика и мрежата на снабдувачи да бидат вработени околу 4.000 работници.

Истиот извор цитира внатрешен компаниски документ и наведува дека Volkswagen се определил за Турција како локација на овој погон поради „позитивните макроекономски услови“, но и погодната локација на таа земја во однос на брзорастечките пазари.

Две третини од автомобилите направени во турската фабрика ќе бидат VW Passat, модел кој сега се произведува во Емден во Германија. Volkswagen одлучи производството на следната генрација да го пренесе во Турција за во Емден да ослободи простор за изградба на нова генерација на електрични автомобили.

Од друга страна, и Škoda сака делумно да го ослободи производствениот капацитет во погонот Квасини во Чешка, каде што се склопува сегашниот Superb.

Се очекува турската фабрика на Volkswagen да започне со работа во 2022 година и дека најголем дел од производството ќе оди на блиските растечки автомобилски пазари, пред се во Источна Европа, Азија и Блискиот исток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП