18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏеф Безос со 114 милијарди долари е најбогат американец

Џеф Безос со 114 милијарди долари е најбогат американец

Богатството на основачот и директор на Amazon оваа година е помало во однос на 160 милијарди долари претходната година.

Најбогатите Американци на листата на Forbes 400, вредат рекордни 2.960 милијарди долари, што претставува зголемување од 2,2 проценти во однос на 2018 година.

Основачот и извршен директор на Amazon, Џеф Безос го зазема првото место на најбогати во САД веќе втора година по ред.

Неговото богатство во моментов изнесува 114 милијарди долари и е помало во однос на 160 милијарди американски долари претходната година.

Неговата поранешна сопруга, Мекензи Безос прв пат се најде помеѓу 15-те најбогати Американци, со богатство од 36,1 милијарди долари.

Гејтс на второ место

Сопственикот на Microsoft, Бил Гејтс се наоѓа на второто место, како и минатата година, но разликата помеѓу него и Безос драстично се намали, на осум милијарди долари.

Освен Мекензи Безос, уште 18 богаташи им се придружија на најбогатите Американци, а меѓу нив се наоѓа и Тим Свини, чија компанија за видео игри Epic Games стои позади популарната Fortnite, и Орландо Браво, кој тргува со приватен капитал и е прв милијардер роден во Порторико.

Минималната нето вредност потребна за влез во ексклузивниот клуб на американските богаташи не е променета во однос на минатата година и изнесува 2,1 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП