26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанкротот на Thomas Cook силно ги погоди бугарските, грчките и кипарските банки

Банкротот на Thomas Cook силно ги погоди бугарските, грчките и кипарските банки

Ликвидацијата на тур-операторот Thomas Cook од аспект на кредитоспособност е негативна за бугарските, кипарските и грчките банки. Оваа проценка ја направи рејтинг агенцијата Moody’s.

„Thomas Cook Group на 23 септември поднесе барање за присилна ликвидација, што е кредитно негативно за бугарските, грчките и кипарските банки, бидејќи колапсот на британската туристичката компанија ќе го ослаби протокот на пари во значајни туристички и сродни сектори на тие земји, што потенцијално ќе доведе до поголеми нарушувања на кредитите и губење на бизнисот“, објави Moody’s.

Во соопштението се додава дека присилната ликвидација на Thomas Cook – a и последователниот пад на приходите од туризмот и инвестициите во овие три земји – ќе го ослабне кредитниот статус на претпријатијата, како хотелите и малите фирми кои обезбедуваа помошни услуги, кои работеа со сега веќе неуспешната компанија и која се потпираа на нејзините плаќања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП