23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛошите економски вести ги „потопија“ светските берзи

Лошите економски вести ги „потопија“ светските берзи

Акциите на Wall Street продолжија да бележат загуби, бидејќи инвеститорите се свртеа кон побезбедни инвестиции поради загрижувачките економски податоци и тековните трговски спорови.

Поточно, активноста на инвеститорите е сè уште воздржана по разочарувачкиот извештај за производствената активност на САД, кој предизвика најголеми загуби на берзата во пет недели.

Технолошките компании ја забележаа најголемата загуба, каде водеа акциите на Microsoft и Apple, а во минус се и акциите на банките, објави агенцијата AP.

Поширокиот индекс S&P 500 падна за 1,3 проценти, индустрискиот Dow Jones за 330 поени или 1,2 проценти на 26.224 поени, а технолошкиот Nasdak за 1,4 проценти.

Берзите во Европа и Азија исто така беа на надолна патека, бидејќи затемнети перспективи за глобален економски раст беа засегнати од трговската неизвесност.

Европски индекс Euro Stoxx 50 падна за дури 2,75 проценти, лондонскиот FTSE 100 за 3,16 проценти, германскиот DAX за 2,51 процент, францускиот CAC 40 за 2,90 проценти, а шпанскиот IBEKS 35 за 2,59 проценти, објави њујоршката агенција Bloomberg.

Во Азија, јапонскиот индекс Nikei 225 се намали за 0,49 проценти, а хонконшкиот Hang Seng за 0,19 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП