17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД добија "зелено светло" за воведување тарифи на Европа

САД добија “зелено светло” за воведување тарифи на Европа

Светската трговска организација (WTO) го поддржа барањето на САД за воведување тарифи на 7,5 милијарди долари вредна европска стока поради, како што е соопштено, незаконски субвенции кои европските влади ги доделиле на производителот на авиони Airbus.

Официјален Вашингтон претходно соопшти дека сака да воведе тарифи во висина до 100 проценти на 11,2 милијарди долари вреден годишен извоз на европските производи во САД, потсетува американската мрежа CNBC.

Во итна реакција по пресудата на WTO, европската комесарка за трговија Сесилија Малмстрем истакна дека новите тарифи на САД би биле „кратковидни и контрапродуктивни“. Таа порача дека и ЕУ и САД се виновни за субвенционирање на Airbus и Boeing, и дека „меѓусебното наметнување контрамерки“ само ќе им наштети на претпријатијата и луѓето од двете страни на Атлантикот.

ЕУ соопшти дека сака нов режим кога станува збор за субвенциите во воздухопловната индустрија и дека сака да постигне договор со Вашингтон. Сепак, Малмстрем во својата изјава порача дека контра тарифите сè уште “се на маса”.

„Ако САД решат да воведат мерки која ги одобри WTO, тоа ќе ја турне ЕУ во таква ситуација што нема да имаме друга можност освен да го сториме истото“, изјави Малмстрем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП