8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето во Република Северна Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има доцна попладне и во текот на ноќта кон петок (локално над 30л/м2) кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој кон крајот на денот ќе се промени во северен.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 21 до 28 степени.

Во Скопје, променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Во петок ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и посвежо, а локален дожд се очекува во ноќта сабота кон недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП