26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако да заработите од стари велосипеди

Како да заработите од стари велосипеди

Leather Wallet

Двајца млади Холанѓани пронашле начин да направат пари од велосипеди кои се за фрлање во ѓубре.

Студентите на индустриски дизајн, Лудовик Босман и Хиде ван дер Стратен го искористиле типичниот холандски проблем и основале сопствена компанија која ја нарекле „The Upcycle”.

Холандија, која има 17 милиони жители, има 18 милиони велосипеди, и секоја година се купуваат нови милион велосипеди.

Сепак, со толку многу велосипеди на пазарот, таму голем проблем е паркирањето на истите. Доколку се паркираат на погрешно место или се остават било каде, градските служби ги земаат и ги носат во складишта. На тој начин, десетици илјади велосипеди се претвораат во „старо железо”, а сопствениците доколку сакаат да си го вратат својот велосипед, мораат да платат казна од 20 евра.

Велосипедите за кои сопствениците не покажуваат интерес за враќање, по извесно време се продаваат како половни во продавниците во Холандија и во странство.

Токму такви половни велосипеди или половни делови за велосипеди купуваат овие двајца студенти, но за сосема друга цел. Тие од нив прават дизајнирани предмети со заштитен знак на нивната компанија.

Таква е “Upcycle” ноќната ламба, која чини 80 евра, направена од предно светло на велосипед  со LED диоди. Светлата се прицврстени на врвот на неколку испреплетени кракови направени од синџирите. Ламбата е прицврстена на дрвена платформа обложена со гума од надворешните тркала од точакот.

Нараквица изработена од спојката за синџирот на велосипедот чини 10 евра, а појас од гума од тркалата со закопчување чини 30 евра.

lamba

Холандските студенти, исто така изработуваат столици од отпадно дрво, тапацирани со „плетенка” направена од внатрешна гума и рамки направени од браник од велосипед.

Своите производи Босман и Стратен запопочнале да ги продаваат пред четири месеци преку интернет и на тој начин имаат клиенти од целиот свет.

„Половина од нашите клиенти се купувачи од Холандија, а другата половина се странски купувачи,” вели Стратен.

Нивните идни планови вклучуваат договори за испорака на дизајнирана стока во продавниците низ Холандија, особено во оние во кои се продаваат сувенири.

„Велосипедите се типични за Холандија, па зошто да не се продаваат како сувенири”, вели Босман и покажа паричник направен од кожа за седиште и велосипедска гума.

kaisi

Компанијата исто така реновира и стари велосипеди, во кои вградува нови дизајнирани “Upcycle” делови. Успехот на двајцата холандски студенти е фактот дека нивните производи се продаваат дури и на австралискиот пазар.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП