27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНееднаквоста се поголема: Десет проценти од најбогатите поседуваат 56 проценти од вкупниот...

Нееднаквоста се поголема: Десет проценти од најбогатите поседуваат 56 проценти од вкупниот имот на Германците

Граѓаните на Германија стануваат се побогати, но богатството нерамномерно е распределено, покажа истражувањето на германскиот институт за економски истражувања (DIW).

„Нерамномерната распределба на богатството во Германија, во споредба со меѓународното ниво, е многу изразена и состојбата е така веќе неколку години“, изјави авторот на студијата Маркус Грабка.

Истражувањето покажа дека десет проценти од најбогатите Германци поседуваат над 56 проценти од вкупните средства на земјата, а сиромашната половина само 1,3 проценти.

Во последниве неколку години богатството по глава на жител, мерено со заштеда и недвижен имот, расте стабилно и во просек изнесува околу 108.000 евра.

„Тоа покажува нееднаква распределба на богатството во Германија“, вели Грабка.

Интересен е податокот дека според богатството, најистакната е групата граѓани родени помеѓу 1940 и 1950 година, која живее на западниот дел на земјата и поседуваат недвижнини.

Недвижниот имот игра клучна улога кога станува збор за богатството и растот на цените во последните години и значително влијаеше и на богатството на сопствениците. Поради ниските каматни стапки многумина последниве години решија да инвестираат во купување недвижен имот, што драматично ја зголеми нивната цена, особено во големите градови.

Сопствениците на имот со просечно богатство од 225.000 евра речиси десет пати се побогати од граѓаните кои немаат недвижен имот, а поседуваат во просек само 26.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП