6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцускиот милијардер донираше 100 милиони евра за обнова на Нотр Дам

Францускиот милијардер донираше 100 милиони евра за обнова на Нотр Дам

Францускиот милијардер Франсоа Пино и неговиот син Франсоа-Анри Пино официјално потпишаа документи за издвојување 100 милиони евра за обнова на катедралата Нотр Дам.

Донацијата следи по неколкумесечни одложувања, што ги натера француските власти во голема мерка да се потпираат на помали донации за финансирање на првата фаза од поправката на катедралата по ужасниот пожар кој ја погоди катедралата на 15 април.

Парискиот надбискуп Мишел Опети изјави дека секој дава колку што може.

Франсоа Пино, чија меѓународна луксузна група Kering е сопственик на Gucci и Yves Saint Laurent, вети пари за тоа веднаш по избувнувањето на пожарот.

Неговиот ривал, францускиот милијардер Бернард Арно, сопственик на луксузната група LVMH набрзо потоа понуди 200 милиони евра. Арно минатата недела го финализираше договорот за донација со фондацијата Норт Дам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП