7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИТ експертите масовно ја напуштаат Романија

ИТ експертите масовно ја напуштаат Романија

Над 37,000 ИТ експерти ја напуштија Романија во последните 20 години, објави порталот Business Insider, повикувајќи се на студијата која ја правеа од школата за кодирање Codecool и IT фирмата Brainspotting.

Околу 30 проценти од овој број отидоа во САД и Канада, 60 проценти во другите држави во Европа и останатите 10 проценти во Азија и други региони, пишува Business Insider, повикувајќи се на порталот на романски јазик Economica.net.

Романија поради тоа секоја година има дефицит од 15.500 IT професионалци, што го отежнува работењето на IT компаниите кои доаѓаат во таа земја и бараат работна сила.

Универзитетите во Романија обучуваат околу 9.500 IT професионалци годишно, од кои една третина се во Букурешт.

„Треба да го удвоиме бројот на дипломирани студенти за да ги задоволиме потребите“, изјави Клаудија Тамаши, менаџерка на Codecool училиштето во Романија.

Во Романија околу 100,000 луѓе работат во IT секторот, кој претставува околу шест проценти од националниот БДП, а просечната плата на програмер е околу 1.600 евра и е најголема од сите професии и категории на вработени.

Лидерот на најголемата романска опозициска партија неодамна побара повисоки даноци за вработените во IT секторот, по што беше критикуван од работодавците и властите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП