25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБарајќи спас по бродолом, шверцери на кокаин ја повикале колумбиската морнарица (видео)

Барајќи спас по бродолом, шверцери на кокаин ја повикале колумбиската морнарица (видео)

Колумбиската морнарица спаси тројца колумбиски државјани кои очајно се држеле за пакети со кокаин, 30 наутички милји од местото Тумако, во колумбиски води.

Видеата се направени на 28. септември, а на нив се гледаат тројца шверцери на дрога како се држат за пакетите и чекаат да пристигне бродот на колумбиската морнарица и нејзините припадници за да им ги спасат животите.

Според информации од морнарицaта, тројцата спасени шверцери добиле прва помош во бродот и биле пренесени до пристаништето.

Таму било утврдено дека содржината на пакетите со тежина од 1,2 килограми е всушност кокаин.

Пакетите со дрога се запленети, а уапсените шверцери ќе бидат гонети за кривични дела трговија, производство и транспорт на наркотици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП