3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп предлага на мигрантите да им се пука во нозе

Трамп предлага на мигрантите да им се пука во нозе

Американскиот претседател Доналд Трамп предложил да им се пука на мигрантите во нозе, за да ги забави во обидот да ја преминат јужната граница, се наведува во новата книга напишана од двајца новинари на „Њујорк Тајмс“, која ќе биде објавена на 8 октомври.

Според напишаното во книгата, Трамп на своите соработници им предложил екстремни методи за заплашување на мигрантите за да ги спречат да ја преминат јужната граница. Меѓудругото, им предложил изградба на електрифициран, шилест граничен ѕид и мочуриште со змии и алигатори.

„Ме правите да изгледам како идиот“ им рекол Трамп на соработниците за време на состанокот, кога тие не се согласиле со неговите предлози.

Меѓу присутните на состанокот, била и тогашната државната секретарка за државна безбедност, Кирстен Нилсен и тогашниот советник, негов зет, Џарет Кушнер, кои го напуштиле состанокот во паника.

Книгата „Border Wars: Inside Trump’s Assault on Immigration“, напишана од страна на новинарите Мајкл Шар и Џули Дејвис, е заснована на интервјуа со повеќе од десетина неименувани функционери, а ја објави „Њујорк Тајмс“.

Градењето ѕид на границата со Мексико е една од главните цели на политиката на Трамп. За изградбата на ѕидот Пентагон издвои 3,6 милијарди американски долари. Белата куќа не ги коментираше последните извештаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП