2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговската војна ќе ја чини Германија 30 милијарди евра

Трговската војна ќе ја чини Германија 30 милијарди евра

Неизвесноста и долгите бирократски процедури кои произлегуваат од трговска војна меѓу Кина и Соединетите Држави ќе ја чинат оваа година извозно ориентираната германска економија 30 милијарди долари, ги цитира дневниот весник Die Welt проценките на Германската трговска комора.

Поради глобалните трговски тензии германскиот извоз оваа година речиси ќе стагнира, според извештајот на DIHK на кој се повикува берлинскиот весник.

„Во тековната година тешко ќе ја надминеме нулата во ставката раст на извозот, што значи дека раст на нашиот извоз ќе биде повеќе од 30 милијарди евра понизок во однос на веќе слабиот од минатата година“, изјави претседателот на DIHK, Ерик Швајцер.

Трошоците кои произлегуваат од проширените бирократски процедури, исто така се значителни, истакнуваат во DIHK. Забележуваат дека оваа година издадоа рекордни 1,34 милиони потврди за потекло.

Тоа е долготраен, но важен процес за извозниците кои настојуваат да ги спречат трговските санкции насочени кон другите земји вклучително и нивните производи.

На германските извозници влијаат и подготовките за излез на Велика Британија од Европската унија, наведуваат во комората.

Во првата половина од годината Британија беше осми најголем трговски партнер на Германија – прв пат беше полошо рангирана од Полска, и тоа поради подготовките на компаниите за повторно воведување на регулаторните бариери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП