11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи во пад

Европските берзи во пад

На Wall Street акциите пораснаа, бидејќи инвеститорите продолжија да ги пренасочуваат парите во акции на технолошките компании.

Акциите на Apple и Microsoft предводеа со добивки во технолошкиот сектор, а големите добивки регистрираа и акциите на производителите на чипови, компанијата Intel и Nvidia, објави AP.

Индексите на технолошките акции од вчера се во пораст, бидејќи Кина го увери пазарот дека овој месец трговските разговори со САД ќе продолжат.

Поширокиот индекс  S&P 500 се зголеми за 0,5 проценти, индустрискиот Dow Jones 111 поени или 0,4 проценти на 27.029 поени, а технолошкиот Nasdaq за 0,7 проценти.

Акциите во Европа денес се во пад. Европскиот индекс Euro Stoxx 50 падна за 1,15 проценти, лондонскиот FTSE 100 за 0,66 проценти, германскиот DAX за 1,08 процент, францускиот CAC 40 за 1,30 процент, а шпански IBEKS 35 за 0,66 проценти, објави њујоршката агенција Bloomberg.

Во Азија, токискиот индекс Nikkei 225 се зголеми за 0,59 отсто, а хонконшки Hang Seng за 0,53 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП