5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонечна понуда: Џонсон подготви последен предлог за Брегзит

Конечна понуда: Џонсон подготви последен предлог за Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе достави до Брисел „конечна“ понуда за договор за Брегзит, изјавија официјални лица и предупредија дека Лондон, доколку ЕУ не се согласи, ќе го напушти европскиот блок овој месец без договор.

Џонсон ќе претстави детали за „фер и разумен компромис“ во говорот на годишниот конгрес на својата Конзервативна партија, кажано е во Downing Street.

Во соопштението кое е објавено доцна синоќа се напоменува дека ова е „конечна понуда“ и дека Џонсон ќе го одржи ветувањето за напуштање на ЕУ на 31 октомври, со или без договор со Брисел, објави AFP.

„Ако Брисел не се согласи на утрешната понуда, тогаш оваа влада нема да преговара се додека не ја напуштиме ЕУ“, се вели во соопштението.

Џонсон „под никакви околности“ нема да побара одложување на Брегзит на претстојниот самит во Брисел на 17 и 18 октомври, се додава во текстот.

Се очекува премиерот да им каже на конзервативните делегати на конгресот во Манчестер дека Брегзит може и мора да се направи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП