24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиски пазари: Американските податоци се виновни за падот на индексот

Азиски пазари: Американските податоци се виновни за падот на индексот

Азиските индекси паднаа, како и на Wall Street претходниот ден, бидејќи инвеститорите беа загрижени за слабите показатели на американската економија, како резултат на долготрајниот трговски конфликт помеѓу САД и Кина.

MSCI Asia Pacific Index се намали за 0,6 проценти. Падот го предводеше австралискиот пазар, кој потона 1,3 проценти.

Остриот пад е последица на стравувањата на инвеститорите од забавување на растот на американската економија, откако е објавено дека фабричката активност  во септември падна поостро од очекуваното, на најниско ниво за повеќе од 10 години.

ISM индексот на фабричката активност се лизна имено на 47,8 поени, додека аналитичарите очекуваа 50,1 поен. Движењето на овој индекс под 50 поени укажува на пад на активностите.

Веќе подолго време, производствената активност слабее во сите најголеми светски економии, од Кина и еврозоната до Јапонија, што аналитичарите го препишуваат нарушувањето поради долготрајниот конфликт помеѓу САД и Кина.

Трговските разговори помеѓу Вашингтон и Пекинг треба да продолжат на 10 и 11 октомври во Вашингтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП