3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастат цените на акциите на азиските берзи: Еврото под притисок!

Растат цените на акциите на азиските берзи: Еврото под притисок!

Цените на акциите на азиските берзи пораснаа во вторникот, како и на Wall Street претходниот ден, бидејќи инвеститорите се надеваа дека до крајот на годината САД и Кина може да постигнат договор за трговија, додека курсот на еврото и понатаму е под притисок.

MSCI Asia Pacific Index се зголеми за 0,4 проценти.

Позитивно на пазарот влијаеше и изјавата на Питер Наваро, советник за трговија во Белата куќа, дека претседателот на САД, Доналд Трамп не размислува за можноста да ги отстрани акциите на кинеските компании од американските берзи.

Токму веста дека Трамп размислува за тоа во петокот предизвика пад на цените на акциите и ги разгоре стравувањата на инвеститорите за засилување на тензиите помеѓу САД и Кина.

После големиот пад во петокот, вчера цените на акциите на кинеските компании како што се Alibaba Holding и Baidu, компензираа дел од загубите.

Трговските разговори помеѓу Вашингтон и Пекинг би требало да бидат продолжени на 10 и 11 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП