4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританскиот премиер вети нови предлози на ЕУ за Брегзит

Британскиот премиер вети нови предлози на ЕУ за Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска вети дека наскоро пред Европската унија (ЕУ) ќе претстави нови предлози за Брегзит, не наведувајќи детали за решавање на прашањето за ирската граница која претставува главен камен на сопнување во договорот со Брисел.

„Ќе презентираме многу добар предлог и тоа официјално ќе го сториме многу брзо“, изјави Џонсон за британската телевизиска мрежа BBC 30 дена пред датумот предвиден за излегување на Велика Британија од членството во ЕУ. Тамошните власти објавиja неколку верзии за задржување на отворените копнени граници помеѓу британските провинции на Северна Ирска и Ирска. Според една верзија, британската влада планира царински контроли на неколку километри од границата. Ирските власти ја отфрлија таа можност и го повикаа Лондон да претстави „сериозна понуда“.

Џонсон изјави дека она што е пренесено во медиумите „не e целосно точно“, негирајќи дека неговиот план предвидува царински пунктови.

Британскиот премиер, кој се наоѓа во Манчестер каде се одржува годишниот конгрес на владеачката Конзервативна партија, повтори дека сака да го спроведе Брегзит на 31 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП