29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТулалан е осмото засилување на Монако

Тулалан е осмото засилување на Монако

tulalan

Францускиот репрезентативец Џереми Тулалан ќе биде уште едно ново засилување за Монако. 29-годишниот фудбалер на Малага веќе постигнал договор со „кнезовите“ и се очекува тој да ги помине медицинските прегледи.

Екипата на Монако која благодарение на милионите на својот руски сопственик, Дмитриј Риболовјев стана најактивниот клуб на трансфер-пазарот и досега потроши 139 милиони евра за нови засилувања.

Се очекува новајлијата во Лига 1 да и плати 5 милиони евра на Малага за услугите на Тулалан.

„Да, има договор за продажба на Тулалан во Монако. Неговата желба е да се врати во Франција и не сакаме да правиме работите да бидат посложени за него. Тој има нашата дозвола да го напушти клубот“, објасни потпретседателот на Малага, Абдула Губн .

Тулалан беше донесен во Малага во 2011-та година за 10 милиони евра од Лион. Францускиот репрезентативец беше дел од амбициозните планови на катарскиот шеик Абдула ал Тани. Освен него во тимот беа привлечени имиња како Жулио Баптиста, Санти Касорла и Хоакин.

Французинот ќе биде осмото ново засилување на Монако. Тимот плати 60 милиони евра на Атлетико Мадрид за Фалкао, вкупно 70 милиони за Џејмс Родригез и Жоао Мутињо од Порто, 5 милиони за Антони Мартел од Лион и 4 милиони за Никола Изимит-Мирин од Валенсиен . Како слободни агенти беа доведени Рикардо Карваљо од Реал Мадрид и Гаетано Моначело од кипарскиот Олимпијакос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП