29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧија е Vespa? ЕУ ги отфрли тврдењата дека Кинезите ја копирале италијанската...

Чија е Vespa? ЕУ ги отфрли тврдењата дека Кинезите ја копирале италијанската икона

Европскиот суд на правдата ја отфрли тужбата на италијанскиот моторен гигант Piaggio против кинескиот производител кој прави скутери кои потсетуваат на италијанската икона Vespa.

Канцеларијата за интелектуална сопственост (EUIPO) донесе одлука оваа недела дека кинескиот производител на мотоцикли Zhejiang Zhongheng не ги повредил правата на интелектуална сопственост на Piaggio Vespa LX со својот скутер Znen Ves.

„Поради бројните и значајни разлики, не постои ризик корисниците да се збунат“, констатираа судиите.

Тие наведоа дека кинескиот скутер има „сопствени индивидуални карактеристики“ во споредба со Vespa LX, затоа што кинескиот модел има повеќе аголни карактеристики, во споредба со заоблените линии на Vespa.

Piaggio првпат поднесе тужба поради наводен прекршок на интелектуалната сопственост до судот во ЕУ во 2014 година. Производителот ја обвини кинеската компанија за копирање на дизајнот и обликот на својот најпродаван скутер, кој е на пазарот од 1946 година. Piaggio, исто така побара укинување на регистрации на кинескиот скутер во рамките на Европската Унија, сметајќи дека е незаконски.

Првиот модел на Vespa, LX серијата објавена е во 2006 година. Тоа е надградба на стариот дизајн на првите посовремени мотори на Vespa. Објавувањето ја одбележа и шеесеттата годишнина од првиот скутер на Vespa.

И покрај тоа што се обиде да ја доближи конкуренцијата, популарноста на Vespa и понатаму го држи престолот меѓу скутерите ширум светот, што објаснува зошто Италијанците се толку заштитно наклонети за нејзиниот изглед. Од 2008 година, ширум светот се произведени и продадени повеќе од 1,6 милиони нови Веспи. Минатата година, продажбата се зголеми за 16 проценти, при што се произведени повеќе од 210.000 единици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП