4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Кина откриени огромни залихи на нафта, докажани резерви од 358 милиони...

Во Кина откриени огромни залихи на нафта, докажани резерви од 358 милиони тони

Најголемиот кинески производител на нафта и гас CNPC објави дека е откриено огромно нафтено поле на северозападот на земјата.

Според CNPC, докажаните резерви на нафтеното поле Кингченг во сливот на Ордос изнесува 358 милиони тони, додека проценетите резерви би можеле да достигнат 693 милиони тони.

Оваа година на нафтеното поле ќе се произведуваат вкупно 640.000 тони нафта, а се очекува годишното производство во блиска иднина да достигне три милиони тони, изјави Ли Лугуанг, потпретседател на PetroChina, подружница на CNPC.

Компанијата, исто така објави дека се пронајдени околу 740,97 милијарди кубни метри резерви на гас од шкрилци, кои се истражени во југозападниот кинески слив Сечуан.

Оваа година Кина планира да произведе 7,7 милијарди кубни метри гас од шкрилци и да го прошири производството на над 10 милијарди кубни метри гас до крајот на 2020 година.

Ли изјави дека компанијата ќе ги охрабри технолошките иновации и ќе го прошири истражувањето на неконвенционалните енергетски ресурси, како што е гас од шкрилци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП