18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕве на кого потрошувачите најмногу му веруваат, Кина последна на списокот

Еве на кого потрошувачите најмногу му веруваат, Кина последна на списокот

Глобалните потрошувачи најмногу ги ценат производите од Германија, а во голема мера не веруваат на оние од Кина, покажа истражувањето на YouGov и Cambridge.

Повеќе од половина од испитаниците во 23 земји дадоа позитивна оценка за германските производи, а само шест проценти им дадоа негативна оценка, покажуваат резултатите од интернет анкетите.

Притоа, Германија во истражувањето освои 45 поени, следи Италија со 38 поени, а потоа следуваат Велика Британија и Франција, двете со по 34 поени. Јапонија освои 33 поени и е подобра за пет бода од Јужна Кореја.

Дури 44 проценти од испитаниците дадоа негативна оценка на кинеските производи, а 15 проценти дадоа позитивна оценка. Со тоа Кина го зазема последното 12 место во групата на земји производители, со освоени нето 29 бодови.

Анкетирани се потрошувачите од земји и области со високи приходи, вклучително и Европската унија, САД, Австралија и Јапонија, но и оние со ниски приходи како што се Индија, Мексико, Кина, Нигерија и Јужна Африка.

„Нашето истражување покажа дека потеклото на производот и понатаму продолжува значително да ја обликува неговата перцепција помеѓу потрошувачите“, заклучи маркетинг директорот во YouGov, Филип Шнајдер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП