18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерика ги протерува кинеските компании од Њујоршката берза?

Америка ги протерува кинеските компании од Њујоршката берза?

Администрацијата на Доналд Трамп ја проучува можноста за елиминирање на кинеските компании кои котираат на листите на американските берзи, објави Bloomberg.

Овие гласини веќе влијаеа врз пазарот. По објавувањето на оваа статија на Bloomberg, значително падна вредноста на акциите на кинеските компании. Поточно, акциите на Alibaba, Baidu и JD доживеаа остар пад, објави Reuters.

Alibaba Group Holding потона за 5,2 проценти, JD.com изгуби 6 проценти, а Baidu 3,7 проценти.

Доналд Трамп во меѓувреме изјави дека Соединетите држави се заинтересирани да склучат трговски договор со Кина, но не треба да го потпишат пред претседателските избори во 2020 година.

Трговската војна помеѓу Соединетите држави и Кина започна во 2018 година. Земјите повеќе пати преговараа, но не резултираа со договор.

На првиот ден од септември, минута по полноќ, Вашингтон воведе царини на кинеската стока во висина од 15 проценти. Тоа е првиот пакет царини за кинеската стока која Америка ја увезува, во вредност од околу 300 милијарди долари, додека вториот пакет царини треба да стапи на сила на 15 декември. Исто така, Америка следниот месец ќе ги зголеми царините на уште еден пакет кинески производи од 25 на 30 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП