2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПанел дискусија: „Поттикнување промени преку еколошка правда“

Панел дискусија: „Поттикнување промени преку еколошка правда“

Состојбата на животната средина во Р С Македонија е топ тема, особено во деновите кога загадувањето на воздухот е најголемо, во речиси сите градови од државата. Реалноста покажува дека потфрламе и во другите еколошки сфери, не само во квалитетот на воздухот. Ситуацијата кореспондира со Поглавје 27 од последниот извештај од Европската комисија, каде е истакнат недостатокот од имплементација на пропишаните мерки и потребата за поголемо учество на јавноста во одлучувачките процеси, потребен е поголем степен на информираност и поефикасно искористување на механизмите за пристап до правда.

Правото за здрава животна средина е уставно загарантирано право за сите граѓани, во чиешто остварување се вклучени голем број чинители. Почнувајќи од надлежните инспекторати, јавните обвинители, народниот правобранител, судовите, властите, како и граѓанските организации. ГО треба бидат неизоставен сегмент од процесот за пристап до еколошка правда, а нивната основна цел е да ја подигнуваат јавната свест и да вршат притисок врз надлежните тела во ефикасното спроведување на судските постапки до нивното разрешување.

Во тој контекст, во рамките на проектот: „Еднаков пристап за ефективна правда“ – EuropeAid/159467/ID/ACT/MK, имплементиран од страна на Здружение на граѓани Флорозон – Центар за Еколошка Демократија, во партнерство со Environmental Law and Management Association EMLA – Унгарија, се организира Панел дискусија на тема: „Поттикнување промени преку еколошка правда“, која ќе се одржи на 30.09.2019 (понеделник) во Јавна Соба – Центар за дизајн и иновации, Скопје, со почеток од 11 часот.

Говорници ќе бидат главните чинители при остварувањето еколошка правда: Наташа Дамјановска Габер од Академијата за судии и јавни обвинители, Ана Петровска од Министерството за животна средина и просторно планирање, Мирослав Богдановски од Инспекторатот на град Скопје, Дарко Блинков од Државниот инспекторат за животна средина, Никола Прокопенко од Министерството за правда и претставници од ГО кои ќе имаат можност да ја споделат својата експертиза и проблемите со кои се соочуваат во праксата. На дискусијата ќе присуствува претставник од Унгарија, експерт од полето на еколошка правда – Чаба Кис, кој ќе ја потенцира важноста на остварувањето на еколошката правда, како круцијален сегмент од евроинтеграциските процеси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП