18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската економија ќе порасне во втората половина од оваа година на 7,6...

Кинеската економија ќе порасне во втората половина од оваа година на 7,6 проценти

china2

Кинеската економија ќе порасне во втората половина од оваа година на 7,6 проценти, но ризиците поврзани со долгот на локалните институции на управата, бавниот раст на приходите на централната влада и намалената извозна конкурентност се се поизразени, објави во четвртокот службениот весник „China Securities Journal“.

Кинескиот модел на економски раст и понатака во основа е стабилен, истакнуваат авторите на извештајот од одделот за економски истражувања во Државниот информативен центар. Така, инфлацијата во текот на целата година би требала да достигне умерени 2,5 проценти, а владата би требала да ги потврди целените стапки на раст и да ја задржи актуелната финансиска и монетарна политика.

Предупредувајќи дека долгот на локалните институции на управата претставува се поголем ризик за економското закрепнување, како и прекумерните капацитети во индустријата, зајакнатите инвестиции во недвижнините и зајакнувањето на домашната валута јуанот, како закана за конкурентноста на кинескиот извоз.

Владата во Пекинг би требала да ја прилагоди монетарната и финансиската политика, за да го поддржи растот и истовремено да го „отстрани отпадот”.

Во последно време многу економисти ги намалија проценките за растот на втората според големина светска економија, поради низа послаби економски показатели. Така, некои од нив прогнозираат дека валдата нема да ја оствари целната стапка на раст за оваа година од 7,5 проценти.

Минатата  година, сепак, кинеската економија порасна за 7,8 проценти, со најбавното темпо во последните 13 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП