20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏонсон: Ќе се придржувам кон законот, Брегзит на 31 октомври

Џонсон: Ќе се придржувам кон законот, Брегзит на 31 октомври

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека неговата влада ќе се придржува кон законот и дека останува посветена на тоа земјата да ја напушти ЕУ со постигнат договор.

Џонсон вети дека Велика Британија ќе го напушти европскиот блок на 31 октомври, со или без договор со Брисел, но парламентот усвои закон со кој се обврзува да побара одложување на Брегзит ако не се постигне договор до 19 октомври, пренесува Reuters.

„Ќе го почитуваме законот, но сме убедени дека можеме да излеземе од унијата на 31 октомври. Најдобар начин тоа да го постигнеме е да постигнеме договор“, изјави Џонсон.

На прашањето дали ќе побара одложување или ќе го заобиколи законот кој го нарече „чин на предавање“, Џонсон изјави затоа тој чин на предавање е толку штетен“.

„Тоа има влијание врз нашите европски пријатели – можеби парламентот може ова да го блокира, можеби ќе бидат принудени да го продолжат рокот. Тоа очигледно ги отежнува преговорите“, изјави Џонсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП