петок, април 16, 2021
11 °c
Skopje
7 ° пет
11 ° саб
10 ° нед
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 15,059.07 -0.12%    GRNT 1,130.00 2.63%    KMB 8,281.18 0.07%    MPT 73,099.90 -0.35%    MTUR 4,136.95 0.9%    MZPU 607.00 0%    OKTA 3,600.00 9.06%    PPIV 34,510.00 0%    REPL 103,490.00 -10%    RMDEN15 99.00 0%    RMDEN19 99.80 0%    SBT 3,008.32 -1.2%    STB 1,149.00 0%    TEL 330.00 0.03%    TNB 19,318.06 -0.11%    
Почетна ЕКОНОМИЈА

Окрупнување на банкарскиот сектор – на повидок преземања и спојувања

септември 27, 2019
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА, НАЈНОВИ ВЕСТИ, ТОП ВЕСТИ
3
A A
0
Окрупнување на банкарскиот сектор – на повидок преземања и спојувања
10
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

На повидок ново окрупнување на банкарскиот сектор – Комерцијална оди кон преземање на Еуростандард, а Шпаркасе кон преземање на Охридска Банка…  Во Македонија во моментов има 15 банки…

Комерцијална сака да ја преземе Еуростандард банка?!

Комерцијална размислува за преземање на Еуростандард банка. Преку Македонската берза веќе е објавено дека се разгледува можноста за стекнување акции и дека веќе е остварен контакт меѓу двете раководства. Постапката е на самиот почеток и се уште се разменуваат само информации.

„Во оваа рана фаза постапката не претставува намера за преземање и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамки на претходна постапка да се стекнат информации, врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за преземање во иднина“ се наведува во соопштението од Комерцијална Банка АД Скопје.

Оттаму додаваат и дека ова сепак не треба да се толкува како официјална намера за преземање.

Од Еуростандард банка се согласни процесот да продолжи.

„Акционерите ги задолжија органите на управување на банката да пристапат кон предходна постапка за размена на информации со цел за успешно стекнување на акциите”, објаснуват од Еуростандард Банка.

Оттаму велат и дека овој процес одел во прилог на нивните заложби за континуиран напредок и развој на своето работење во сите негови сегменти.

Комерцијална е во инвестициски поход

Со овој потег продолжува инвестицискиот поход на Комерцијална Банка.

Лани заедно со „Балфин груп“ ја преземаа албанската „Тирана банк“ од грчката „Пиреус“ за 57 милиони евра.

„’Балфин’ и Комерцијална банка АД Скопје планираат Тирана банка да функционира како независна банка со која ќе управуваат искусни професионалци, предводена од меѓународен Управен одбор и ќе продолжи да ги проширува активностите на банката во Република Албанија“ соопштија инвеститорите при преземањето.

Фантастичен раст на профитот

Профитот на Комерцијална Банка лани беше 28.9 милиони евра со што порасна за 114%.

Банката учествува со 21.1% од вкупната актива на секторот, со 19.0% од вкупниот капитал и резерви.

Кај неа се и 12.6% од сите издадени картички, 17.5% од сите ПОС и АТМ терминали, како и 19.0% од вкупниот број на отворени сметки.

Шпаркасе се спојува со Охридска Банка

Паралелно со ова се одвива и уште еден процес на окрупнување – Шпаркасе се спојува со Охридска Банка.

Процесот треба да заврши до крајот на годинава. Преку  Македонска берза Охридска банка, која  во моментов е дел од групацијата Сосиете Женерал, објави дека до Управниот одбор е доставена понуда за преземање на акции издадени од Охридска банка.

Со ова започнува процесот на долго најавуваната продажба на контролниот пакет на акции од 74.53% на Охридска банка. Вредноста на оваа трансакција е околу 52 милиони евра.

Претходно Гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска изјави дека Народната Банка дала согласност за преземање на Охридска Банка од страна на австриската Шпаркасе Банка. Со согласноста се создаваат услови за реализација на финалната фаза – купопродажните трансакции.

Охридска банка има вкупен капитал од приближно 650 милиони евра и повеќе од 400 вработени. Штаермеркише Шпаркасе како групација е присутна во Македонија од 2008-та преку својата банка Шпаркасе банка Македонија со вкупен капитал од 350 милиони евра.

По преземањето на Охридска банка, се очекува Штаермеркише Шпаркасе да има вкупен капитал од околу една милијарда евра во Македонија, со што ќе стане четврта најголема банка во земјава  со пазарен удел на помеѓу 12 и 14%.

Во Македонија има премногу банки

На македонскиот пазар во моментов функционираат 15 банки – Силк Роуд, Еуростандард, Халк, Шпаркасе, Капитал банка, Комерцијална банка, Развојна банка на Северна Македонија, НЛБ, Охридска, ПроKредит, Централна кооперативна, Стопанска банка Битола, Стопанска банка Скопје, ТТК и Универзална инвестициона банка.

Ова е премногу со оглед на големината и развиеноста на пазарот.

И покрај тоа секторот продолжува да има фантастични профити. Целиот сектор лани имал вкупна добивка по оданочување од 135.8 милиони евра. Оваа добивка е за дури над 27% повисока од остварената во 2017-та кога банките прикажаа позитивен финансиски резултат од 106.5 милиони евра.

Во 2018-та 8 банки што котираат на берза работеле со добивка, а 5 од нив се вбројуваат во 10-те компании со најголема добивка.

Профитот на Комерцијална Банка лани беше 28.9 милиони евра и порасна за 114%, добивката на Стопанска Банка Скопје достигна 44.5 милиони евра и беше поголема за 34%, НЛБ Банка прокнижи заработка од 34.5 милиони евра што е на речиси исто ниво како и претходната година.

К. Н.

Тагови: банкарскибанкиеуростандардкомерцијалнаокрупнувањепарипреземањесектор
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Google во прв план го става оригиналниот напис- Промени во пребарувањето за поголемо внимание на читателите

Следна Објава

Русија ја одзема дозволата за работа на Deutsche Welle?

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

НЛБ Банка донираше 60 лаптопи за училишта и ученици од социјално ранливи семејства
КОМПАНИИ

НЛБ Банка донираше 60 лаптопи за училишта и ученици од социјално ранливи семејства

април 16, 2021
17

НЛБ Банка како компанија е континуирано посветена на обезбедување поддршка во општествено одговорни активности особено кај најранливите категории. За време...

Прочитај повеќе
Нови 908 заболени од Ковид-19, почина 31 лице
КОРОНА

Нови 908 заболени од Ковид-19, почина 31 лице

април 16, 2021
136

Во последните 24 часа се направени 3.616 тестирања, а регистрирани се 908 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 367,...

Прочитај повеќе
Филипче: Ќе преговараме Институтот „Торлак“ да ни стане стратешки партнер за набавка на вакцини
ЕКОНОМИЈА

Филипче: Ќе преговараме Институтот „Торлак“ да ни стане стратешки партнер за набавка на вакцини

април 16, 2021
54

Министерството за здравство следната недела ќе преговара со српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ да стане наш стртепки...

Прочитај повеќе
Регистарот на професионални онлајн медиуми на Time.mk
ЕКОНОМИЈА

Регистарот на професионални онлајн медиуми на Time.mk

април 16, 2021
21

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Time.mk ја известуваат јавноста дека...

Прочитај повеќе
Пратениците уште еднаш докажаа дека не работат во интерес на граѓаните!
ЕКОНОМИЈА

Пратениците уште еднаш докажаа дека не работат во интерес на граѓаните!

април 16, 2021
301

Лавина од реакции во јавноста и социјалните мрежи по вчерашните случувања во Собранието. Долгоочекуваниот петти сет мерки не се донесе...

Прочитај повеќе
Во кои земји македонците најмногу купувале онлајн во текот на 2020 година
ЕКОНОМИЈА

Во кои земји македонците најмногу купувале онлајн во текот на 2020 година

април 16, 2021
43

Во согласност со објавените податоци од Народната банка, Асоцијацијата за е-трговија ги анализира бројот и вредноста на реализирани онлајн-трансакции со...

Прочитај повеќе
Турција ја забрани употребата на криптовалути
ЕКОНОМИЈА

Турција ја забрани употребата на криптовалути

април 16, 2021
18

Во Турција употребата на криптовалути во финансиски порамнувања директно или преку посредници е забранета од 30 април, според указот објавен...

Прочитај повеќе
Туристичките агенции во колапс, се придружуваат на протестот на угостителите
ЕКОНОМИЈА

Туристичките агенции во колапс, се придружуваат на протестот на угостителите

април 16, 2021
25

"Секторот туризам е еден од најпогодените сектори во периодот на пандемијата, за нашите државјани се затворени границите на речиси сите...

Прочитај повеќе
Точката на ужасот: Место кое чува спомени од најсмртоносниот настан во историјата
ЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ

Точката на ужасот: Место кое чува спомени од најсмртоносниот настан во историјата

април 16, 2021
207

Облак од пепел го замаглил небото и настапила ноќ која траела една година. Температурите паднале под нулата, а скоро 75...

Прочитај повеќе
ФИТР и Силк Роуд Банка со нова соработка за олеснет пристап до финансии на иновативните компании
КОМПАНИИ

ФИТР и Силк Роуд Банка со нова соработка за олеснет пристап до финансии на иновативните компании

април 16, 2021
74

Силк Роуд Банка АД Скопје и Фондот за иновации и технолошки развој потпишаа Меморандум за соработка, со цел олеснет и...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

НЛБ Банка донираше 60 лаптопи за училишта и ученици од социјално ранливи семејства

НЛБ Банка донираше 60 лаптопи за училишта и ученици од социјално ранливи семејства

април 16, 2021
Нови 908 заболени од Ковид-19, почина 31 лице

Нови 908 заболени од Ковид-19, почина 31 лице

април 16, 2021
Филипче: Ќе преговараме Институтот „Торлак“ да ни стане стратешки партнер за набавка на вакцини

Филипче: Ќе преговараме Институтот „Торлак“ да ни стане стратешки партнер за набавка на вакцини

април 16, 2021
Регистарот на професионални онлајн медиуми на Time.mk

Регистарот на професионални онлајн медиуми на Time.mk

април 16, 2021
Пратениците уште еднаш докажаа дека не работат во интерес на граѓаните!

Пратениците уште еднаш докажаа дека не работат во интерес на граѓаните!

април 16, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • По 17 години Северина проговори за скандалот кој се споменува до ден денес: „Шест месеци не излегов од дома“

    По 17 години Северина проговори за скандалот кој се споменува до ден денес: „Шест месеци не излегов од дома“

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Вучиќ: Кој стои зад критиките за вакцината на АстраЗенека?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • „Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбрзо

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Почина најголемиот финансиски измамник во историјата на САД

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Најпознатиот аналитичар на Apple објави податоци за моделите на iPhone кои ќе бидат презентирани следната година

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 16.04.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 16.04.2021

април 16, 2021
1.2k
На овие хороскопски знаци пролетта им носи среќа во љубовта
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

На овие хороскопски знаци пролетта им носи среќа во љубовта

април 14, 2021
702

КВИЗОВИ

Квиз: Дали ги препознавате балканските градови на фотографиите?
КВИЗ

Квиз: Дали ги препознавате балканските градови на фотографиите?

април 4, 2021
1.7k

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај
Следна Објава
Русија ја одзема дозволата за работа на Deutsche Welle?

Русија ја одзема дозволата за работа на Deutsche Welle?

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Welcome Back!

Sign In with Facebook
Sign In with Google
OR

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In