20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ја одзема дозволата за работа на Deutsche Welle?

Русија ја одзема дозволата за работа на Deutsche Welle?

Рускиот парламент ќе побара од Министерството за надворешни работи да размисли за одземање на дозволата за работа на соработниците на германски Deutsche Welle во таа земја, поради кршење на руските закони, јавуваат руските медиуми.

Пратеникот Василиј Пискарјев изјави дека собраниската истрага открила случаи во кои Deutsche Welle ги повика руските граѓани да присуствуваат на неовластен протест во Москва кој беше одржан ова лето.

– Во извештаите на тие медиуми најдовме делови со кои се оправдува екстремизмот – изјави рускиот пратеник, а објави TASS.

Засега не е објавен одговор на тој германски медиум, пренесува Reuters.

Пискарјев објави дека собраниската истрага ќе разгледа и дали британски BBC и Radio Free Europe, финансирани од САД, го прекршиле рускиот закон за избори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП