среда, 1 февруари 2023
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на индустриското производство за 9,8 проценти во август

Раст на индустриското производство за 9,8 проценти во август

Индустриското производство во август бележи пораст од 9,8 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, пораст е забележан во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 47,9 проценти и во Преработувачката индустрија за 4,5 проценти, а опаѓање од 1,4 проценти има во секторот Рударство и вадење камен.

Според главните индустриски групи, во август пораст има кај Енергија за 39,8 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5 проценти, Капитални производи за 14 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 25,4 проценти, а опаѓање има кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 проценти.

Пораст од 5,5 проценти е забележан и за периодот јануари – август во однос на првите осум месеци лани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП