18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган: Турција нема да престане да купува нафта од Иран, не се...

Ердоган: Турција нема да престане да купува нафта од Иран, не се плаши од американските санкции

Турскиот претседател Ердоган денеска изјави дека е невозможно Турција да престане да купува нафта и гас од Иран, и покрај заканите за американски санкции.

Ердоган додаде дека трговијата помеѓу двете земји ќе продолжи.

Говорејќи пред новинарите по враќањето од седницата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, Ердоган изјави дека Турција не се плаши од можни американски санкции поради трговијата со Иран.

Додаде дека официјална Анкара не сака да ја прекине соработката со официјален Техеран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП