19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер: Ако дојде до Брегзит без договор, за тоа ќе биде крив...

Јункер: Ако дојде до Брегзит без договор, за тоа ќе биде крив Лондон

Претседателот на Европската комисија во заминување, Жан-Клод Јункер, изјави денеска дека тој и главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние, прават се што можат за да постигнат договор со Велика Британија и доколку не успеат, одговорноста ќе ја сноси Лондон.

Јункер за германските медиуми изјави дека Барни и тој интензивно работат на договорот, бидејќи би било катастрофа за Британија и Европа доколку Брегзит се случи без организиран процес на повлекување.

– Нашиот главен преговарач Мишел Барние и јас правиме се што е можно за да дојдеме до договор, но ако на крајот не успееме, одговорноста ќе биде единствено на британската страна“, истакна Јункер за германскиот весник Augsburger Allegemeine.

Велика Британија би требало да ја напушти ЕУ на 31 октомври. Бриселските власти велат дека британскиот премиер Борис Џонсон постигнал многу мал напредок во преговорите за излез за да го замени претходниот договор кој го постигна претходникот на таа функција Тереза ​​Меј, но кој трипати беше отфрлен во британскиот парламент.

Јункер истакна дека преговорите за идните трговски односи помеѓу Британија и ЕУ би биле многу комплицирани доколку дојде до Брегзит без договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП