11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААдминистрацијата на Трамп ја намали бројката: Следната година може само 18.000

Администрацијата на Трамп ја намали бројката: Следната година може само 18.000


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека планира да дозволи населување на само 18.000 бегалци во САД во 2020 година.

Тоа е најмал број во историјата на модерната програма за бегалци.

Тој потег, кој се смета за повреда на хуманитарните обврски на државата, се објаснува со префрлување на фокусот кон преработка на веќе постоечките неколку стотици илјади барања за азил во САД.

Повеќето од овие барања, според Reuters, доаѓаат од мигранти од Средна Америка – Хондурас, Салвадор и Гватемала, но и од Ирак.

Во исто време, Доналд Трамп издаде извршна наредба, неговата администрација да побара дозвола од државните и локалните власти за повторно населување на бегалци во нивните заедници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП