17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешка нема да го блокира Huawei во развојот на 5G мрежа

Норвешка нема да го блокира Huawei во развојот на 5G мрежа

Норвешка не планира да ја блокира кинеската технолошка компанија Huawei во развојот на 5G телекомуникациска мрежа во земјата, изјави денеска норвешкиот министер за развој, Николај Астроп.

Оваа одлука, проценува Reuters, би можела да и донесе на Норвешка проблеми со нејзиниот НАТО сојузник – Соединетите држави – кои вршеа притисок на таа нордиска земја да го спречи Huawei во развојот на 5G мрежа.

„Тоа не е опција за која се разговара“, изјави министерот Астроп во интервју за британската агенција.

„Имаме добар дијалог со компаниите за безбедност, а на самите компании им е да изберат добавувачи. Во Норвешка немаме никакви забрани против било кој добавувач“, додаде тој.

Компанијата Telenor, најголемиот снабдувач на телекомуникациска услуга во Норвешка, планира оваа година да избере провајдери на 5G технологија за да се подготви за комерцијалното лансирање во 2020 година.

„Разговараме со сите, сите се во процес и на крајот ќе видиме кој ќе избереме. Ние продолжуваме со добар дијалог со владата“, изјави Петер-Бере Фурберг, кој управува со домашните операции на Telenor.

„Водиме процес кој е отворен за сите партнери“, порача тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП