4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАForbes објави листа на најуспешни странски компании во Русија

Forbes објави листа на најуспешни странски компании во Русија

Списанието Forbes ја објави својата најнова листа на најуспешни странски компании на пазарoт во Русија. На листата 50 најголеми за 2018 година, во првите 10 се најдоа четири малопродажни ланци, три производители на автомобили, две тутунски компании и Pepsi, објави Moscow Times.

На врвот на листата е Auchan, кој тоа место го држи од 2015 година, со приходи од 327,7 милијарди рубли (5,14 милијарди долари). Kia Motors се проби во првите десет, скокајќи од минатогодишното 11 место на осмото со приход од 3,64 милијарди долари.

Вкупниот приход на 50-те компании на рускиот пазар во 2018 година се зголеми за 10,2 проценти на 6,4 трилиони рубли, објави Forbes.

На списокот се компании кои се повеќе од 50 проценти со странска сопственост, а рангирани се според вкупните приходи во 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП