24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ: Натамошен раст и во третото тримесечје од оваа година

НБРМ: Натамошен раст и во третото тримесечје од оваа година

Советот на Народната банка денес одржа редовна седница на која ги разгледа најновите макроекономски показатели. Притоа беше утврдено дека овие информации, коишто редовно се разгледуваат на седниците на Советот, и овојпат упатуваат на здрави економски фундаменти и отсуство на нерамнотежи во економијата.

Според најновите показатели за економската активност, таа расте во првата половина на оваа година, при годишен раст на БДП од 3,6%. Новите расположливи податоци за третото тримесечје посочуваат на натамошен раст. Инфлацијата и понатаму е во зоната на умерени промени, при просечен годишен раст на цените од 1,1% во првите осум месеци од 2019 година, што е нешто помалку од очекувањата. Во дискусијата повторно беше нагласено дека неизвесноста околу проектираното движење на светските цени на примарните производи и понатаму е главниот ризик за динамиката на инфлацијата.

На седницата, посебен фокус беше ставен на надворешната позиција, којашто беше оцената како поволна. Нискиот дефицит во тековната сметка и финансиските приливи овозможуваат постојан откуп на девизи на девизниот пазар од страна на Народната банка и раст на девизните резерви. Во однос на движењата во монетарниот сектор беше одбележано дека растот на вкупните депозити и вкупните кредити е непрекинат и главно е во рамки на очекувањата.

Внимание им беше посветено и на последните оцени за глобалните економски текови, коишто упатуваат на понеповолни изгледи за глобалната економија. Натамошната ескалација на трговската војна помеѓу САД и Кина и натаму претставува главен ризик за глобалниот економски раст. Останатите ризици се однесуваат на можното поголемо забавување на растот на системски значајните економии како што се Кина и еврозоната, исклучително високата неизвесност во врска со спроведувањето на процесот Брегзит, ризиците поврзани со зголемената финансиска ранливост на одредени брзорастечки економии, сѐ поголемите дезинфлациски притисоци, како и зголемените геополитички ризици во глобални рамки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП