25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на недвижнините во Германија незапирливо растат

Цените на недвижнините во Германија незапирливо растат

Цените на становите и куќите во Германија постојано се зголемуваат. Во вториот квартал од оваа година во просек биле повисоки за 5,2 проценти од минатата недела при што најмногу растат цените во големите градови, наведува Заводот за статистика на Германија.

„Посебно се зголемија цените на семејните куќи (10 проценти), станови (8,6 проценти) во седумте најголеми германски градови, Берлин, Хамбург, Минхен, Келн, Франкфурт, Штутгарт и Дизелдорф“, објаснуваат од Заводот за статистика.

Најизразен пораст на цените во големите градови е во Берлин, каде цените во последните години драматично се зголемија. Пред осум години, просечната цена за метар квадратен на двособен стан изнесуваше 1.400 евра, а во 2018 година бил дури 4.000 евра.

Новиот тренд се рефлектира и во руралните подрачја, каде цените на квадратите во последните години се зголемија за 4,2 проценти.

Експлозијата на цените на недвижнините, експертите ја поврзуваат со поволната економска состојба, а на растот влијаеле и ниските камати за станбени кредити, со што се зголеми инвестицијата во недвижнини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП