15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАDeutsche Bank под истрага поради "перење" пари

Deutsche Bank под истрага поради “перење” пари

Германските власти од вторникот бараат информации во седиштето на Deutsche Bank во Франкфурт во врска со Danske Bank и скандалот поврзан за перење пари, соопштија обвинителите во Франкфурт.

Се истражува дали Deutsche Bank доволно брзо ги известила властите за сомнителните трансакции, се вели во соопштението на обвинителството, а објави Reuters. Во рацијата, која уште трае, вклучени се тројца обвинители и девет агенти од германската криминална полиција, а од Deutsche Bank велат дека соработуваат во истрагата.

“Deutsche Bank сеопфатно ги испита фактите поврзани за ова прашање и доброволно ги достави бараните документи”, се вели во соопштението на банката. Deutsche Bank уште кон крајот на минатата година е обвинета за наводно „перење“ на 185 милијарди долари за естонската подружница Danske Bank во периодот од 2007 до 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП