25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРетка сцена фатена од објектив на камера: Гром двапати удри во автомобил...

Ретка сцена фатена од објектив на камера: Гром двапати удри во автомобил во текот на возење (видео)

Ситуацијата во која гром удира во автомобил сигурно не е вообичаена појава. Меѓутоа, приказната дека гром никогаш не погодува исто место двапати е очигледно мит, а тоа го потврдува и ова видео од Новосибирск во Русија.

Toyota SUV се движи полека во колоната, а потоа двапати по ред во краток временски интервал ја удира гром. Според достапните информации, никој од патниците не е повреден.

Тоа најверојатно не е случај и со возилото. Имено, според американската NHTSA, ударот на гром ќе ги изгори електричните инсталации, а можни се и други оштетувања на автомобилот.

Инаку, при удар од гром, автомобилот се однесува како Фарадеев кафез, предизвикувајќи струја да тече низ површината на металната каросерија и завршува во земјата. Во такви случаи се советува возачот веднаш да го запре автомобилот и да го исклучи моторот, како и некое време да не допира ништо метално во автомобилот.

Сè на сè, автомобилот е едно од најбезбедните места за време на невреме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП