29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија со закон ја ограничува агенциската провизија за издавање недвижнини

Словенија со закон ја ограничува агенциската провизија за издавање недвижнини

Во Словенија од неодамна се применува изменетиот Закон за агенции за недвижнини, со кој се ограничува провизијата за изнајмување на недвижен имот која агенцијата ја наплатува, на максимум 4 проценти од вредноста на договорот. Исто така, заработката на агенцијата по договор не смее да биде поголема од месечната кирија или да биде помала од 150 евра.

Како што е наведено на порталот Sout East Legel Aliance (SELA), наведеното ограничување не се применува во случај договорот за закуп да е склучен од две компании, а претходно законот на сличен начин ја ограничувал само продажбата на недвижен имот.

Вториот амандман, исто така им овозможил на сите граѓани на Европската Унија, со соодветни квалификации пропишани со закон, да се занимаваат со промет на недвижнини во Словенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП