ЕКОНОМИЈА

Кина го отвори аеродромот со најголемиот терминал во светот

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја предводеше церемонијата за инаугурација на вториот меѓународен аеродром во Пекинг со терминал кој е опишан како најголем во светот.

Меѓународниот аеродром Daxing во Пекинг, изграден е за помалку од пет години по цена од 120 милијарди јуани (17 милијарди долари), има капацитет да прими 72 милиони патници годишно.

Главниот аеродромот на кинеската престолнина е вториот најпрометен аеродром во светот по меѓународниот аеродром Hartsfiels-Jackson во Атланта и има приближен капацитет како него.

Аеродромот Daxing има терминал кој е опишан како најголем во светот со површина од милион квадратни метри.

Покојната ирачко-британска архитекта Заха Хадид го дизајнираше аеродромот, за кој се вели дека е во облик на феникс.

Аеродромот е отприлика 45 километри од центарот на Пекинг, објави Associated Press.