6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАSaudi Aramco повторно произведува 11,3 милиони барели нафта дневно

Saudi Aramco повторно произведува 11,3 милиони барели нафта дневно

Саудиска Арабија го обнови капацитетот за производство на нафта на 11,3 милиони барели дневно по нападот на 14 септември врз нафтените објекти, изјавија за Reuters тројца извори за активностите на нафтениот гигант Saudi Aramco.

Извори во британската агенција додадоа дека производството на сурова нафта на најголемото нафтено поле Кураис сега изнесува 1,3 милиони барели дневно, а на полето Абкаик моментално се црпи околу 4,9 милиони барели на ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП