8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако американскиот министер заспа за време на говорот на Трамп (видео)

Како американскиот министер заспа за време на говорот на Трамп (видео)

Министерот за трговија на САД, Вилбер Рос, заспа за време на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп во текот на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

На видеото може да се види како американскиот политичар седи со затворени очи, а подоцна ја спушта главата кон градите.

Според телевизијата CNBC, Рос во таа позиција поминал околу 15 минути.

Медиумите потсетуваат дека ова не е прв пат Рос да спие на јавни настани откако во 2017 година заспа за време на говорот на Трамп во Саудиска Арабија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП