10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFED "инјектираше" 105 милијарди долари во банкарскиот систем

FED “инјектираше” 105 милијарди долари во банкарскиот систем

Американските Федерални резерви (FED) „инјектираа“ денес 105 милијарди долари во домашниот банкарски систем, во обид да ги задоволат потребите на банките и Wall Street за финансии по минатонеделните турбуленции на пазарот на пари.

Њујоршката филијала на FED одвои 30 милијарди долари на примарните дилери во рамките на двонеделната репо трансакција и 75 милијарди долари во рамките на прекуноќната репо трансакција, објави агенцијата Reuters.

Побарувачката на банките за средствата на FED е исклучително силна, со оглед дека се доставени понуди за средства во износ од 62 милијарди долари во рамките на првата трансакција, и во износ од 80,2 милијарди долари во рамките на втората трансакција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП