29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонгресот покрена истрага против Трамп

Конгресот покрена истрага против Трамп

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес покрена истрага за отповикување на претседателот Доналд Трамп.

Истрагата се однесува на тоа тоа дали Трамп ги злоупотребил своите претседателски овластувања и побарал од украинскиот колега Володимир Зеленски да се компромитираат информациите за Хантер Бајден, син на Џо Бајден, еден од кандидатите на демократите за изборите во 2020 година. Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси од Демократската партија, ваквите дејствија ги опиша како предавство.

„Ги насочувам нашите шест комитети да ги продолжат нивните истраги под чадорот на истрагата за отповикување. Претседателот мора да биде одговорен. Никој не е над Законот“, рече Пелоси.

Процесот на отповикување на претседателот може да се покрене во случај на велепредавство, корупција, криминал. Иако процеси на импичмент биле покренувани и претходно, ниту еден претседател на САД не бил сменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП