12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВинер го презеде првото место на македонскиот осигурителен пазар

Винер го презеде првото место на македонскиот осигурителен пазар

g_viner-osiguruvanje

Според официјалниот извештај за резултатите на осигурителните компании во првиот квартал од деловната 2013 година, Винер – Виена Иншуренс Груп е најголемиот македонски осигурувач со доминантен пазарен удел. Со ова, компанијата го круниса повеќегодишниот континуиран раст, зацврстувајќи се како број еден на домашниот осигурителен пазар и покажувајќи неверојатна развојна динамика. Од Винер велат дека фантастичните резултати се должат на фактот што компанијата веќе станала препознатлива меѓу граѓаните по политиката на фер цени, експресната исплата на штети и супериорната услуга на клиентите.

„Во нашиот фокус секогаш на прво место е клиентот и неговото задоволство, а не статистиката. Целосната посветеност и ориентираноста на процесите кон клиентите е единствениот вистински начин да се подобрат бројките. Ние ги понудивме најефикасните осигурителни решенија, целосно прилагодени на потребите и можностите на граѓаните, на бизнис секторот, на земјоделците и сите останти целни групи. Винер е денес на врвот на осигурителниот пазар, затоа што задоволството и довербата на клиентите не донесоа тука.“ – изјави во оваа пригода г-дин Зоран Нарашанов, Генерален директор на Винер – Виена Иншуренс Груп.

Инаку, Виена Иншуренс Груп има убедливо најголема пазарна концентрација меѓу групациите, и со убедливи 25% од пазарниот удел е пред второпозиционираниот Триглав кој држи 13% од пазарот.

Од компанијата уште додаваат дека еден од темелите на успехот е и прилагодливоста на Винер на условите на пазарот, поточно динамиката со која компанијата успева да излезе со нови осигурителни пакети со најконкурентни услови. Можност за тоа пружа беспрекорното реосигурително покритие на компанијата, оценето со А+ според најстрогите меѓународни стандардни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП