28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради пропаѓањето на Thomas Cook грчкиот туризам очекува до 500 милиони евра...

Поради пропаѓањето на Thomas Cook грчкиот туризам очекува до 500 милиони евра загуба

Стечајот на британската туристичка компанија Thomas Cook е најлош удар за Грција од финансиската криза во 2008 година и може на туристичкиот сектор да му предизвика загуби и до 500 милиони евра, предупредија во вторникот грчките медиуми.

Грција се наоѓаше на третото место листата на популарни дестинации на Thomas Cook, објави деловниот весник Naftemporiki, потсетувајќи дека компанијата минатата година во земјата донела 2,8 милиони туристи.

Во туристичката организација SETE проценуваат дека загубите поврзани со стечајот на британска компанија би можеле да изнесуваат помеѓу 250 и 500 милиони евра.

Во здружението на грчки хотелиери (GTP) ги проценуваат на 300 милиони евра.

Thomas Cook во Грција управуваше со четири хотели во кои беа вработени вкупно 640 работници. Нивната иднина е неизвесна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП