1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолем интерес за педијатриски медицински сестри кај германските работодавци

Голем интерес за педијатриски медицински сестри кај германските работодавци

Германската организација за меѓународна соработка GIZ, го објави најновиот конкурс за вработување на медицински сестри и општи и педијатриски техничари во Германија.

Пријавите се примаат до 4 октомври, а во моментов постои голем интерес за педијатриски медицински сестри кај германските работодавци. Eдна клиника во таа земја моментно вработува 20 педијатриски медицински сестри.

Пријавите се доставуваат до Националната служба за вработување, а главниот услов за заинтересираните е да имаат завршено четиригодишно медицинско училиште. Поради тешкиот процес на нострификација на дипломите, преквалификации не се примаат.

Кандидатите, исто така треба да имаат минимум шест месеци работно искуство во последните пет години. Познавање на германски јазик.

Минималната плата во Германија пред да се потврди дипломата е 2.000 евра бруто и по нострификацијата е 2.400 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП