24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечниот Швајцарец повеќе не е најбогат во светот

Просечниот Швајцарец повеќе не е најбогат во светот

Американците моментално се најбогатата нација во светот, затоа што го прегазија Швајцарецот, додека остатокот од светот постепено го „топи“ богатството. Ова се должи на неизвесноста околу Брегзит и трговската војна помеѓу САД и Кина, покажуваат резултатите од едно истражување.

Според најновиот Извештај за глобалното богатство од германската осигурителната компанија „Alliance“, просечните нето финансиски средства на луѓето кои живеат во САД изнесуваат 184.411 евра (203.128 американски долари) по глава на жител, наспроти 173.838 евра колку што изнесува приватното богатство на еден Швајцарец. Овие податоци се за 2018 година.

Подемот на САД на врвот на листата на најбогати нации, во голема мера се должи на силниот долар, како и на американските домаќинства, кои се главните двигатели на глобалниот проток на средства, бидејќи две третини од сите заштеди во индустријализираните земји доаѓаат од САД, соопшти осигурителната компанија.

Во извештајот се наведува и дека новата заштеда означила глобален рекорд, бидејќи се искачила за 22 проценти на повеќе од 2.700 милијарди евра. Ова се припишува на минатогодишната даночна реформа во САД, според која Американците ги зголемуваат новите заштеди за 46 проценти.

Иако САД го зазедоа првото место во извештајот, Швајцарија е сè уште на врвот на бруто-финансиските средства по глава на жител, со 266.318 евра, наспроти 227.364 евра колку што изнесуваат во САД.

И Швајцарија и САД се далеку пред трето рангираниот Сингапур, каде вкупното нето финансиско богатство по глава на жител е „само“ 100.370 долари.

Општо земено, извештајот на „Alliance“ е прилично песимистички во врска со изгледите за глобално богатство, а исто така е посочено дека растот на глобалното финансиско богатство во 2018 година паднало за 0,1 процент, прв пат по финансиската криза во 2008 година. За тоа ги обвинија трговската војна меѓу САД и Кина, како и неизвесноста околу Брегзит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП