29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја поддржа Владата на Бугарија

ММФ ја поддржа Владата на Бугарија

bug1

Меѓународниот монетарен фонд ги поддржува настојувањата на бугарската влада, која е остро критикувана од домашната јавност, да им помогне на најсиромашните и претпријатијата, но воедно и да ја оддржи фискалната стабилност.

Шефицата на мисијата на ММФ Мишел Шенон ги поздрави напорите на новата Влада на Бугарија да ја одржи макроекономската стабилност со јакнење на заштитата за најсиромашните и структурните реформи.

Таа наведе дека за економски раст и борбата против невработеноста најважна е борбата против корупцијата, зголемувањето на ефикасноста на јавните служби и отстранувањето на административните бариери за работењето на претпријатијата.

ММФ и препорача на Владата на Бугарија да продолжи со структурните реформи и мерките за намалување на невработеноста која изнесува 10,8 проценти.

Светската финансиска организација оцени дека е можно да се реализира ребаланс на државниот буџет за дефицитот да се намали на 1,4 проценти од БДП, но новата влада вели дека дефицитот не може да се намали под 3,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП